|



|
|
Од процесот на откривање на „Афродита“ |
Добро дојдовте на археолошкиот локалитет ”Вардарски Рид” во Гевгелија, поточно на web страната на истражувачкиот проект “Вардарски Рид”, на Филозофскиот факултет -Универзитет “Кирил и Методиј”, Скопје. Овој web site е заедничка работа на истражувачката екипа на Вардарски Рид, под раководство на Д-р Драги Митревски.
Сајтот е дизајниран за сите оние што се интересираат за резултатите и текот на ископувањата на овој локалитет.
Обезбедува информации, како за откритијата на Вардарски Рид така и за големите потенцијали што ги поседува локалитетот како научен, културен и туристички пункт и запознавање со идните планови и можности за нивно ефектуирање.
Сајтот се отвора после 10 години систематски истражувања (1995-2004 година), во фаза кога локалитетот “Вардарски Рид” станува се повеке актуелен и афирмиран како еден од најкомплексните и најинтересни археолошки пунктови во Република Македонија.